Во Дебар и Центар Жупа навреме отворени сите гласачки места

– Во Дебар и Центар Жупа во седум часот се отворенисите 43 гласачки места каде до 21:00 часот своето право на глас треба да го остварат 25.825 граѓани.

Гласањето се одвива според предвидените протоколи, без никакви проблеми.

Споредено со последните претседателски и вонредни избори за градоначалник, одржани минатата година, во единствениот избирачки список се запишани 298 лица повеќе, од нив 190 се во општина Дебар додека останатите 108 во општина Центар Жупа.

-Во нашата општина се гласа на 27 избирачки места,кои навреме беа отворени. Во единствениот избирачки список запишани се 18.764 граѓани со право на глас. Во понеделникот,гласаа 15 болни со Ковид-9 и лица во самозолација, додека вчера 28 болни и немоќни лица,изјави за МИА,Елмира Бакали потпретседателка на Општинска изборна комисија во Дебар.

Во соседната општина Центар Жупа се гласа на 16 изборачки места.

-Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа запишани се 7.061 граѓанини со право на глас. Кај нас немаше пријавени лица за гласање во понеделникот,додека

вчера гласа четири болни и немоќни лица,изјави Еран Зубер,претседател на ОИК.

И двете општини се дел од изборната единица број 5.

Поголемиот број од гласачките места за првпат се во оваа изборна единица,бидејќи до сега беа дел од ИЕ 6. Неколку гласачки места од Дебар во петката за првпат беа минатите парламентарни избори, додека Центар Жупа целосно во петката е од претходно.

Back to top button
Close