Во Дебар рекорден број на болни -17 за еден ден

По објавувањето на новите 17 болни од Коронавирус за само едно дененоноќие во Дебар, општинскиот кризен штаб и здравствените локални институции состојбата ја оценуваат како вознемирувачка  со тенденции да излезе целосно надвор од контрола. Со денешните 17 новозаболени лица од Ковид 19, бројката на вкупно заболен е околу 140, додека бројот на починати од овој вирус се искачи на пет . Вкупниот број на  активни на Ковид 19 е 85 од кои 5 се на лекување во скопските клиники. Расте и борјот на болни пациенти кои се јавуваат во болницата кои имаа симтоми на Коронавирус.

Денеска кризниот општински штаб со кој раководеше градоначалникот Хекуран Дука одржа седница на која посочи дека состојбата е повеќе од загрижувачка, а проблемот го посочи во непочитување на мерките како од страна на населението така и од страна на дел од угостителите, каде не се почитува протоколот. Рапидниот пораст на болните од Ковид 19  се карактеризира и со големиот број на  млади кои се позитивни, како и разболувањето на цели семејства.  Болеста се шири речиси во сите делови од градот . Општината побара  од институциите  да обезбедат во Дебар пулмолог и инфектолог, додека болницата е во очекување на нови кревети и специјален шатор за сместување на болните.

Епидемиологот Ментор Мела кој е раководител на единицата за јавно здравје, и денеска оцени дека рапидното зголемување на позитивните лица на Ковид 12 е поради непочитување на мерките  и додаде дека се очекуваат  резултати од уште 25 тестови, односно можно е да се зголеми бројот на болните.

Денеска дебарчани се видно вознемирени и кај дел веќе има и страв бидејќи многу голем е бројот на лицата со симптоми на вирусот .

Кенан Мимидиноски

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close