Во Дебар рестрикција на вода осум часа

Во Дебар е воведена рестрикција на водата за пиење во траење од осум часа, и тоа по четири часа во текот на денот и ноќта . Според управата на ЈКП ,,Стандард,, кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар воведувањето на рестрикцијата на вода е поради злоупотребата на вода за наводнување на зелени површини но и поради одредени проблеми во водоводната мрежа .

Денеска во градот има целосен прекин на вода  поради технички зафати на каптажата кај изворите во селото Росоки како и на делови од водоводната цевка . Директорот на јавното претпријатие Мазлум Леши  изјави дека специјална екипа на компанијата „СМС“ денеска на каптажата  на водоводот во селото Росоки  е извршена замена на главните вентили , а вентили се заменети и на делот на водоводот кај Мелнички мост.

 Според директорот Леши  со овие зафати со што се заменети вентили од Чешко производство се очекува да дојде до зголемување на дотокот на вода во главмниот дебарски резервар за над 3о литри во секонда .

Водоводот Росоки – Дебар кој има должина од 22 километри е изграден во 1986 година , и поради финасиски проблеми  не се вршени целосни санации на главните шахти , освен што пред две години имаше санација на дел на шалтите во градот.

 

К. М.

Back to top button
Close