Во Дебар се одржа детскиот фестивал ,,Радика фест 21,,

Во Центарот за Култура во Дебар се одржа 12 издание на фестивалот на детската песна ,,Радика фест 21,, . Фестивалот се одржа  во согласност со мерките и протоклите на владата за одржување на културни манифестации  , и на фестивалот кој има регионален карактер  учествуваа  композитори и деца интерпретатори од општините Дебар, Охрид, Струга  и Маврово Ростуше .

Директорот на фестивалот Зинче Мимидиноски кој е и директор на центарот за култура информираше дека прва награда од жирито ја  основи Халиса Маловска од Дебар , за најдобар вокал на фестивалот е прогласена Дефне Фејзули од општина Маврово и Ростуше додека наградата  од публиката ја освои Лутфие Исаковска од Дебар . наградата за сценски настап ја освои Надија Нурединовска од село Косоврасти, дебарско .

Проектот детски  фестивал ,,Радика фест ,, кој до сега има реализирано 12 изданија е подржан од страна на Министерството за култура . Инаку на овој фестивал до сега се изведени над 15о песнички за деца .

К. М.

Back to top button
Close