Во Дебар се влошува состојбата со коронавирусот

Во втората фаза  во  Дебар се влошува состојбата со коронавирусот и бројот на болните од опасниот вирус расте постојано. Оваа денеска го изјави градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој  додаде дека во вториот бран на Ковид 19, регистрирани се 31 болен, додека денеска од дебарската болница во Скопје во клиничиот центар е упатен со брза помош болен во тешка состојба .

По состанокот на Кризниот штаб градоначалникот Дука изјави дека моментално во домашна изолација се 76 лица. Со оглед дека бројот на лицата кои имаат симптоми од Ковод 19 расте , може да очекуваме зголемување на бројката на позитивни на овој вирус. Имаме информација од дебарската болница дека веке функционираат две соби за болни од Ковид 19 рече Дука и додаде дека управата на болницата во целосна готовност ја има ставено и екипата на брза помош . Епидемиолошката служба е постојано на терен се со цел да се интервенира брзо во случај да има нови болни.

Инаку и денеска дебарскиот градоначалник како две главни причини за новиот бран на болни во Дебар од вирусот Ковид 19 ги посочи олеснувањето на мерките , како и непочитување на истите од страна на населението и угостителскиете.

– Мора да се почитува целосно мерката за новисење на маски како и одржување на физичката дистанца,, ако сакаме да ја запреме заразата -нагласи Дука .

Инаку од почетокот на пандемијата на 27 февруари во општина Дебар се евидентирани 8о болни и 3 болни во Центар Жупа .

К. М.

Back to top button
Close