Во Дебар сите  изолирани лица – негативни  

Лицата кои беа во контакт со сега болната од Коронавирус од село Долно Косоврасти, која е на лекување во државната клиника во Скопје, се сите негативни.  Оваа денеска го соопшти градоначалникот на Дебар Хекуран Дука кој воедно е и прв човек на кризниот оперативен штаб.

По одржаната седница на Штабот на кој присуствуваа и претставници на општина Центар Жупа, градоначалникот на Дебар, Дука, нагласи дека станува збор за 16 лица  и тоа 10  од семејството во селото Долно Косоврасти како и шесте лица здрастевни работици од општата болница во Дебар кои имале контакт со болната жена.

Двајцата лекари двете медицински сестри и два технички лива од дебарската болница  се негативни нагласи Дука. Тој информираше дека по појавата на болно лице од Коронавирус во општината се преземени сите мерки за дезинфекција во селото Долно Косоврасти како и во делови на Дебар. Во Дебар особени се врши дезинфекција на контејнерите.

Дука апелираше до дебарчани да продолжи и во оваа фаза на појавата на вирусот по 48 дена да биде пример со дициплината онака како што беше во првата фаза кога вирусот во земјава за прв пат се појави во Центар Жупа и Дебар на 26 февруари .

Сепак надлежните информираас дека за време на викендот се казнети 34 лица за недржење на заштитни маски и 7 лица за непочитување на полицискиот час.

 

К. М.

Back to top button
Close