Во Дебар состојбата со коронавирусот е загрижувачка

Во втората фаза во Дебар за само неколку дена регистрирани се 12 заболени од Коронавирус , а од четириесет  тестови  се чекаат резултати . Во оваа фаза состојбата се оценува како  алармантна и загрижувачка, бидејки позитивните се млади од 2о до 3о годишна возраст. Оваа го изјави градоначалникот на Дебар Хекуран Дука кој за оваа состојба ги обвини граѓаните  за непочитување на мерките на владата  и непочитување на протоклите во угостителските објекти, но и олеснувањето на мерките од страна на надлежните .

– „Податоците на локалната единица за јавно здравје не вознемируваат и можни се нови заболени од вирусот Ковид 19“ нагласи Дука .

Од тестирањето на вработените во градинката ,,Брешија,, во Дебар добиени се 67 негативни теста, додека за еден сме во очекување, рече градоначалникот и побара од населението  соработка со полицијата кај која ќе може да ги пријави сите лица кои ја прекршуваат мерката на  изолација

,, Дебарската болница е подготвена да прими болни од Ковид 19, бидејки болниците во Скопје и соседните градови се полни со пациенти,, рече Дука и додаде дека министерството за здраство веќе доставило машина за кислород како и 2о кревети за болните . Тој исто така нагласи дека по новите случаи кои биле позитивни на Ковид 19 ,денеска наутро ЈКП Станрад и Противпожарната единица извршија дезинфекција на повеке населби во градот Дебар .

Back to top button
Close