Во Дебар во изминатите 24 часа издадени 58 платни налози за неносење маска

 Во последното деноноќие забележан е рекорден број издадени платни налози за неносење заштитна маска на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарското одделение за внатрешни работи.

-Според статистичките податоци на ОВР Дебар, во изминатото деноноќие, на подрачјето кое го покрива одделението, полициските службеници констатирале 58 прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тоа е највисок број издадени платни налози во едно деноноќие, досега, по тој на 31 јули, кога беа издадени 22 платни налози.

Вчерашните официјални податоци потврдуваат дека вкупниот број заразени од Ковид-19 во Дебар изнесува 219, починати се осум, додека активни на болеста се 128 лица.

Back to top button
Close