Во делови во Индија повторно во двонеделна изолација 120 милиони луѓе

– Државата Бихар, во северна Индија, од утре повторно воведува двонеделна изолација за околу 120 милиони жители, со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

„Владата на Бихар одлучи да воведе 15-дневна изолација од 16 до 31 јули“, напиша денеска на Твитер официјалниот претставник Сушил Кумар Моди.

Тоа ќе биде најголемата изолација на која било локална заедница во Индија од укинувањето на ограничувањата низ целата земја на почетокот на јуни, бидејќи вирусот продолжува да се шири.

Во Бихар, сиромашна индиска држава на границата со Непал, досега има 160 починати од Ковид-19 и 17.959 заразени, соопштија властите утринава.

Back to top button
Close