Во Доњецк пуштени сирени за тревога

 

На социјални медиуми, жители на отцепениот украински регион Доњецк објавија видео снимки на кои се слушаат сирени за тревога.

Претходно, лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Денис Пушилин најави евакуација на жителите од сепаратистичкиот регион кои ќе бидат пренесени во југоисточниот дел на Русија, по засиленото гранатирање.

Тој истакна дека Русија се согласила да обезбеди сместување за луѓето кои заминуваат и дека приоритет треба да им се даде на жените, децата и повозрасните лица.

Пушилин нагласи дека таков чекор е преземен поради „наглото влошување“ на воената ситуација. гт/

https://www.youtube.com/shorts/EMO0SvaaxkU

Back to top button
Close