Во дом на кумановец пронајдени 45 мигранти

Во дом на 41-годишно лице од Куманово полицијата синоќа пронашла 45 мигранти.

Во неговиот дом бил извршен претрес со судска наредба, а од странските државјани кои биле пронајдени 44 биле од Пакистан, а еден од Индија.

Кумановецот, како што информира МВР, бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот од полицијата најавуваат и кривична пријава

Back to top button
Close