Во дом за стари лица во Солун потврдени 22 случаи на Ковид-19

– Во домот за стари лица „Папагеоргиу“ на Светата Митрополија во западниот дел на Солун, потврдени се 22 позитивни случаи на Ковид-19, од кои 15 кај лица згрижени во домот и седум кај персоналот, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговорниот од домот за стари лица, свештеникот Георгиос Милкас рече дека сите 15 заразени се на возраст од околу 80 години имаат благи симптоми и се хоспитализирани во три солунски болници, додека пак седумтемина вработени се во домашна изолација.

Во конкретниот дом има вкупно 75 лица, од кои 45 згрижени стари лица, а останатите се персонал.

Ова е втор случај на ширење на коронавирусот во дом за стари лица во Солун во период од една седмица, откако минатиот вторник беа потврдени 36 позитивни случаи на Ковид-19, а починаа шестмина од заразените. ср/сд/

Back to top button
Close