Во Домот за стари лица во Радовиш седум штитеници и тројца вработени инфицирани од коронавирус

Седум штитеници од Домот за стари лица во Радовиш и тројца вработени се позитивни на ковид-19, информира директорката на Центарот за јавно здравје од Штип, д-р Марија Димитрова.

-Штитениците се хоспитализирани, а ние доставивме предлог до Комисијата за заразни болести Домот во Радовиш да биде ставен под карантин. Според нашите анализи заразата најверојатно е донесена од надвор, рече директорката Димитрова.

Инаку, во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 19 активни случаи на инфицирани со коронавирусот

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close