Во дводневна блокада се 23 средни училишта во Белград во поддршка на Дијана Хрка која штрајкува со глад

Ученици од повеќето средни училишта во Белград денеска и утре ја бојкотираат наставата во знак на поддршка за Дијана Хрка. Според Сојузот на средношколци на Србија (УНСС), вкупно 23 гимназии се во дводневна блокада.

Тие со 16-минутен молк оддадоа во 11.52 часот почит на загинатите лани во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.
Со солзи во очите, Дијана Хрка ги пречека средношколците кои дојдоа да ја поддржат.

Дијана Хрка, мајка на младиот Стефан Хрка, кој загина при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад веќе петти ден пред српското Собрание.

И денеска попладне се очекуваат голем број луѓе да дојдат да ја поддржат Дијана во нејзината борба за правда по трагичната загуба на нејзиниот син.Студенти, како и бројни други граѓани го најавија своето пристигнување за поддршка.

Српски емдиуми јавија дека Хрка има настинка, и нејзиниот имунитет е опаднат, но продолжува со штрајкот со глад.

„Се чувствувам слабо, имунитетот ми паѓа, но сè ќе биде во ред… Им се извинувам на сите што не можам да ги прегрнам и бакнам додека сето ова не заврши, но имунитетот ќе ми се опорави и сè ќе биде добро“, рече таа во изјава за белградски медиуми.

Во Белград синоќа се одржа голем протест во нејзина поддршка. Дијана Хрка апелираше до граѓаните, кои ја поддржуваат додека штрајкува со глад пред српското Собрание, да останат смирени и достоинствени и да не предизвикуваат немири.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close