Во двор во Велес пронајдена дрога вредна околу 20 илјади евра  

По наредба од судија на претходна постапка, полициски службеници од СВР Велес – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, а по претходна координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Бирото за јавна безбедност, денеска извршија претрес на куќа и помошни простории на 28 годишниот Н.Ц. од Велес, потврди за МИА, Ристе Самарџиев од СВР Велес.

При извршениот претрес, во дворот на куќата пронајдени се пет поголеми пакувања во кои имало по околу еден килограм марихуана, вкупно околу пет килограми, а биле закопани во дворот.

Марихуана била пронајдена и во неговото патничко моторно возило „форд фиеста“ и во соба во куќата, каде покрај марихуана се пронајдени и капсули и околу 50.000 денари, за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.

Н.Ц. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 до ОЈО Велес.

Back to top button
Close