Во Емиратите се зголемува бројот на заразените, ќе се тестираат 20 отсто од луѓето

– Обединетите Арапски Емирати планираат да тестираат два милиона луѓе или околу дваесет проценти од населението во наредните два месеца. Овој потег уследи откако бројот на новозаразени повторно се зголеми како резултат на укинувањето на рестриктивните мерки.

ОАЕ воведе рестриктивни мерки кон средината на март и постепено започна да ги укинува на 24 јуни.

– Иако е загрижувачки да се види благ пораст на нови случаи во текот на изминатите неколку дена, тоа мора да биде потсетник дека треба да бидеме одговорни и да ги следиме упатствата на лекарите, изјави портпаролот на Владата, Амна ал-Шамси.

Таа додаде дека властите ќе го зголемат бројот на тестови и дека во наредните два месеца ќе бидат спроведени два милиона тестови низ целата земја.

Во последните 24 часа во ОАЕ се регистрирани нови 528 случаи заразени со коронавирус. Досега во земјата се разболеле 52.068 луѓе, а 324 починале. паг/

Back to top button
Close