Во Финска заврши истрагата за оштетените енергетски и телекомуникациски кабли во Балтичкото Море
Финските обвинители ја завршија истрагата и размислуваат да подигнат обвинение против тројца високи членови на екипажот на танкер за нафта, осомничени дека во декември ги оштетиле подморските енергетски и телекомуникациски кабли во Балтичкото Море.
Финските власти се сомневаат дека танкерот „Игл С“ (Eagle S), регистриран на островите Кук, додека го влечел сидрото по морското дно, оштетен бил подморски кабел што ги поврзува Финска и Естонија, како и четири интернет кабли.
Регионот на Балтичкото Море е во состојба на висока готовност поради саботажа по серијата прекини на каблите, гасоводите и телекомуникациските врски.