Во Франција препорачана трета доза вакцина против Ковид-19 за лица на возраст од 40 и повеќе години

Француските здравствени власти препорачуваат трета доза вакцина против коронавирусот за луѓе на возраст од 40 и повеќе години.

Евалуацијата на меѓународните студии покажа дека засилената вакцинација шест месеци по целосната имунизација е веќе корисна за луѓето над 40 години, соопштија здравствените власти.

Тие во соопштение нагласуваат за добрите емпириски податоци од Израел и САД, објаснувајќи дека се уште нема доволно достапни податоци за да се даде препорака за уште помлади луѓе.

Во Франција, постарите од 65 години веќе некое време ги исполнуваат условите за засилена вакцинација, а околу 30 отсто веќе примиле трета доза.

Back to top button
Close