Во Франција се затворени 3.299 паралелки поради Ковид-19

За потсетување, според нивото 2 од здравствениот протокол што моментално важи во метрополитенска Франција, паралелките со ученици од прв степен мора да се затворат во првиот докажан случај на коронавирус. Министерството, исто така, прецизира дека одлуката за затворање на цела паралелка со ученици од втор степен зависи од „мислењето на здравствените власти“. Вообичаеното правило за втор степен е во теорија да се изолира позитивниот ученик, како и учениците кои се сметаат за контактни случаи и не се вакцинирани, додека остатокот од класот продолжува да оди на час нормално.

Инаку , 16 училишни структури – 15 училишта и еден колеџ – мораа да ги затворат вратите, прецизира министерството. Овие претпријатија се наоѓаат во академиите во Бордо, Клермон-Феран, Париз, Версај, Нант, Орлеан-Тур, Поатје, Безансон, Лион, Гренобл, Монпелје, Мартиник и Гвајана. Покрај тоа, во текот на изминатите седум дена, 9,478 ученици (од 12 223 000) и 439 вработени (од 1 201.500)  биле тестирани позитивни за коронавирус.

Од почетокот на учебната година на 2 септември, 1314 училишта им понудија на нивните ученици на возраст над дванаесет години „курс за вакцинација“.

Според податоците на јавното здравје на Франција, епидемијата со Кавад-19 во земјата започнува да слабее, така за прв пат од по 15 август бројот на лицата на болничко лекување поради Кавад-19 падна под 10. 000, од кои помалку од 2.000 пациенти на интензивна нега.

Back to top button
Close