Во Франција трет ден по ред регистрирани над 10.000 новозаболени од Ковид-19

 – Француските здравствени власти соопштија дека вчера се потврдени 12.532 новозаболени лица со Ковид-19. Тоа е трет ден по ред како бројот на новозаразени лица е над 10.000.
Вчера регистрирани се и пет смртни случаи, со што вкупниот број на починати од последици од Ковид-19 се искачи на 111.472.
Зголемувањето на бројот на инфицирани луѓе пред се е поради делта сојот. Во Франција од почетокот на пандемијата се заразиле над 5,87 милиони луѓе.
На одделенијата за интензивна нега во Франција хоспитализирани се 891 пациент.

Back to top button
Close