Во Франција уапсени пет жени, едната планирала терористичка акција

 Пет жени се уапсени ноќеска во францускиот град Безие, меѓу кои и осомничена која сакала да изврши терористичка акција, јави дописникот на МИА.

Информацијата денеска ја потврдија судски извори, откако беше обелоденета од интернет изаднието на неделникот „Ле Поан“.

Апсењата беа извршени од Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ) врз основа на елементи што доведоа до стравување од насилна акција, објасни извор близок на истрагата, нагласувајќи дека е дореден притвор и дека станува збор за утврдување на природата на заканата. Националното обвинителство за борба против тероризам (Пнат) отвори прелиминарна истрага за „терористичко злосторничко здружување“.

Судски извор за агенцијата Франс Прес изјави дека само еден од уапсените е осомничен дека сакал да изврши насилна акција. Уапсените четири други жени, мајка и три сестри на лицето првична мета на операцијата, биле уапсени затоа што биле присутни во домот, изјави судскиот извор. Од истиот извор се дознава дека една од сестрите е малолетна. Според „Ле Поан“, овие апсења биле извршени „во квартот Ла Девезе“, југо-источно од Безие.

Неделникот, исто така, посочи, повикувајќи се на локален извор, дека овие жени „биле познато како радикализирани и дека некои од нив гледале видеа од групата Исламска држава“.

Дури и ако терористичките акти со џихадистичка задднина се извршени со огромно мнозинство од мажи, жените веќе се осудувани во Франција за такви дела. Четири жени станаа „ лица на женскиот џихад“, според обвинителството за борба против тероризмот, меѓу кои Орнела Гилигман и Инес Мадани кои се обиделе да кренат во воздух автомобил во близина на Нотр Дам во 2016 година, а беа осудени во 2019 година на казни од 30 години затвор.

Back to top button
Close