Во Газа денеска влегле само 36 камиони со хуманитарна помош, потребни се најмалку 600

– Во Газа денеска влегле само 36 камиони со хуманитарна помош, предупредија палестинските власти, истакнувајќи дека се потребни најмалку 600 камиони со помош дневно и оти потребите на населението се влошуваат.

Според информациите од канцеларијата за медиуми на палестинската влада во Газа, поголемиот дел од хуманитарната помош е ограбена и украдена „како резултат на безбедносниот хаос што израелската окупација систематски и намерно го продлабочува“, пренесува Скај њуз.

Во соопштението се повикува на итно отворање на премините, како и на влез на доволно количество помош и млеко за новороденчиња, а најостро се осудува продолжувањето на злосторствата со изгладнување.

Back to top button
Close