Во Германија над 350.000 луѓе повторно ставени во карантин

Германските власти донесоа одлука за повторен карантин на областа Гитерсло во сојузната држава Северна Рајна – Вестфалија откако новиот коронавирус повторно се појави во една фабрика за месо.

Со карантинот, кој ќе биде во сила до 30 јуни, ќе бидат опфатени околу 360.000 луѓе.

Тоа е прво враќање на ригорозните мерки во Германија откако почна нивното постепено укинување во мај. Од денеска повторно ќе бидат затворени сите кафулиња, музеи, кина, како и вежбалниците, а граѓаните ќе мора да ја почитуваат мерката за физичка дистанца.

Новото жариште на Ковид-19 е во германскиот концерн „Тенис“, каде се инфицирани над 1.100 луѓе. Сите работници ќе бидат во карантин, а ќе ги чува полицијата.

Директорот на германскио Институт за јавно здравје, Роберт Кох денеска изјави дека на земјата и се заканува втор бран на инфекција, при тоа изразувајќи оптимизам дека истиот ќе биде спречен. Во моментот во Германија стапката на репродукција или Р бојот се проценува на 2,76.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close