Во Германија над милион заболени од коронавирус од почетокот на пандемијата

Во Германија вчера беа потврдени нови 22.806 случаи на коронавирус, со што се надмина прагот од еден милион инфицирани лица од почетокот на пандемијата, јави денеска Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

Со ова Германија влезе во групата од 12 земји кои имаат над еден милион заразени лица.

Во последните 24 часа, од Ковид-19 во ова земја умреа уште 426 лица, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на март.

Од почетокот на пандемијата во Германија вкупно 1.006.394 лица се заразени со коронавирусот, а умреле 15.586 лица.

Back to top button
Close