Во Германија се вакцинирале над милион луѓе, во Британија 3,6 милиони

Повеќе од милион луѓе во Германија ја примиле првата доза на вакцината против ковид-19, а во Велика Британија 3,6 милиони, пренесуваат агенциите.

Германскиот институт Роберт Кох (РКИ) денеска објави дека се вакцинирани 1.048.160 лица, што е 1,26 проценти од германското население, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Втората доза на вакцината се дава три недели по првата.

Скоро половина од вакцинираните лица досега ја примиле вакцината заради својата професија, како што се лекарите или вработените во домовите за стари лица кои се изложени на висок ризик од инфекција.

Повеќето од вакцинираните се стари лица и жители на домови за стари лица.

Во Велика Британија досега се вакцинирани скоро 3,6 милиони луѓе, покажуваат владините статистички податоци, пренесува Ројтерс.

Целта е да се вакцинираат 15 милиони луѓе во групи со висок ризик со првата доза до средината на февруари.

Франција досега вакцинирала 390 000 лица, изјави денеска францускиот премиер Жан Кастекс.

Back to top button
Close