Во Германија спречен терористички напад со боени отрови

Во германскиот град Кастроп-Рауксел синоќа е уапсен 32-годишен државјанин на Иран, осомничен дека набавил цијанид и рицин со цел да изврши исламистички мотивиран напад.

Тој е осомничен дека подготвувал тешко дело насилство со што би била загрозена државата.

Засега не е соопштено во која фаза биле плановите за нападот и дали веќе била избрана цел.

Германските медиуми објавија дека е приведено уште едно лице, всушност братот на осомничениот.

Германскиот весник Билд објави дека во полициската акција како експерти во борбата против биолошките и хемиските закани учествувале вработени во Институтот Роберт Кох, како и службеници на Федералната канцеларија за криминалистичка истрага (БКА) и експерти за деактивирање експлозиви.

Рицинот се смета за биолошко оружје и е на листата воено оружје. Цијанидот е исто така многу токсичен, дури и најмалите количини се смртоносни за луѓето.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close