Во Германија уапсени осуммина десничари под сомнение за трговија со дрога и перење на пари

– Германската полиција утрово изврши рација и уапси осум лица поврзани со ултрадесничарска мрежа под сомение за вмешаност во трговиија со дрога и перење на пари.

Повеќе од 500 полицајци, вклучително и припадници на специјалните единици извршија претреси во 27 станови и продавници во неколку германски сојузни држави.

Приведени лица се на возраст од 24 до 55 години.

Според германските медиуми осомничените биле поврзани со две различни неонацистички групи наводно задолжени за трговија со дрога, а биле вмешани и во илегална трговија со оружје.

Back to top button
Close