Во Гевгелија отворена изложба за црногорското кирилско печатарство во 15 и 16 век

– Пионерскиот дом од Гевгелија, во соработка со Матица црногорска во земјава, отвори изложба која претставува приказ на македонско црногорските релации во 15 и 16 век.

Организаторите велат дека изложбата претставува плод на истражувањата на македонско црногорските историски, книжевни, јазични и духовни врски врз чија основа е воспоставена соработка со МАНУ, Фолозофскиот и Филолошкиот факултет, Институтот за македонски јазик и литература како и повеќе библиотеки и поединци кои ги истражуваат релациите на двете земји уште од првиот црногорско македонски брак кој се случил во далелечната 998 година помеѓу кнезот Владимир и ќерката на Цар Самоил, Косара.

Повереникот на Матица црногорска, Мирољуб Орландиќ, истакна дека во 15 век Црна Гора била прва држава во Европа која имала своја државна печатница од која излегле пет книги од печат, дека Скопје во тоа време бил главен дистрибутивен центар и дека денеска во институциите и црквите во нашата земја се чуваат 32 оригинални книги од печатарот Макарие.

-Изложбата претставува несекојдневен настан кој го збогатува културното живеење на општина Гевгелија, бидејќи ретко може вака на визуелен начин да се патува низ времето, велат организаторите.

Во Гевгелија се изложени 24 богато илустрирани паноа со приказ на репрезентативни страници од книгите, кои ќе може да се видат во наредните две недели. 

Back to top button
Close