Во гевгелискиот транзитен центар мигрантите се здравствено згрижени

Здравствената ситуација во ПТЦ „Винојуг“ во Гевгелија е целосно под контрола и надзор на гевгелиската подрачна единица на Центарот за јавно здравје, не само по однос на Ковид-19, туку и на сите сезонски болести кои се појавуваат меѓу мигрантите.

Епидемиологот д-р Сашо Олумчев вели дека со налог на јавен обвинител сите сомнителни случаи се тестираат и моментно нема опасност по населението на Општина Гевгелија.

– Во текот на вчерашниот ден беа тестирани 13 мигранти,а до овој момент во центарот имаше само еден сомнителен мигрант кој веднаш беше изолиран додека се чекаше неговиот резултат, рече Олумчев.

Стабилната безбедносна и здравствена ситуација во центарот, каде што моментно престојуваат 25 мигранти, денеска ја потврди и раководителот Зоран Лазаревски.

– Мигрантите кои моментно се наоѓаат тука се сместени во посебни контејнери за живеење,кои располагаат со систем за ладење и со сите неопходни услови за нормален престој.Секогаш кога е потребно добиваат медицинска заштита.Многу е мал бројот на оние кои побарале азил кај нас оти во принцип скоро сите сакаат да стигнат до некоја европска дестинација, рече Лазаревски.

Back to top button
Close