Во Гевгелиско откриени 20 мигранти

На влезот на гевгелиското село Прдејци синоќа во возило биле откриени 20 мигранти од Сирија, Индија и Пакистан.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ синоќа во 19 часот на излез од гевгелиското село Негорци дале знак за запирање на товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало. Потоа мигрантите биле откриени во возило во Прдејци.

Мигрантите биле предадени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка, а за случајот е известен надлежен jавен обвинител.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close