Во градскиот буџет нема пари за автобуси, ама има за партиски вработувања, реагира СДСМ

Реакцијата на Социјалдемократскиот сојуз доаѓа откако денеска градоначалничката на Скопје истакна оти во моментов во градскиот буџет нема пари за набавка на ветените 250 автобуси, но, како што нагласи и самата, сепак, набавка на автобуси ќе има

Граѓаните ги чекаат новите 250 автобуси. За нив во градскиот буџет нема пари, ама има пари за партиски вработувања, реагира Социјалдемократскиот сојуз откако денеска градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, истакна оти во градскиот буџет нема пари за нови автобуси, но како што истакна таа, автобуси ќе има.

На денешната прес-конференција, скопската градоначалничка истакна оти поради лошата состојба во градскиот буџет предизвикана од претходната градска власт, во моментов нема пари за новите 250 автобуси кои беа ветени во нејзината програма во предизборието. Но, како што нагласи и самата, „набавка на автобуси ќе има“ и додаде оти граѓаните го заслужуваат тоа.

Од СДСМ меѓу другото реагираат оти опремата за третман на медицински отпад, која денеска ја промовираше Арсовска, била набавена и ставена во функција од страна на градската власт предводена од нејзиниот претходник Петре Шилегов.

„Арсовска се фали со опремата во депонијата ‘Дрисла’, реализирана од претходната локална власт, а не реализира ни еден од своите најавени проекти, освен поставување тоалети и нивелирање на шахти“,велат од СДСМ.

Back to top button
Close