Во Грција изречени казни за угостителски објекти поради прекршување на мерките за работа

 За три дена, по извршени 163 контроли во угостителските објекти и кафулињата во грчките градови Атина, Солун и Патра, инспекторите од Националната служба за транспарентност и претставници на полицијата, во соработка со надлежните министерства, изрекле казни во висина од 6.300 евра поради непочитување на мерките за заштита од ширење на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголемиот дел од казните во периодот од 5 до 7 јуни, биле во Атина, од проверени 39 објекти, казната била вкупно 4.200 евра, а останатите се во Солун. Во Патра не бил регистриран ниту еден прекршок.

Од Националната служба за транспарентност соопштија дека контролите ќе се интензивираат во следниот период низ цела Грција.

Back to top button
Close