Во Грција регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19
По четири дена под 200 случаи и намален број новозаболени, денеска во Грција повторно е зголемен бројот на заразени со коронавирусот, односно според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, во изминатите 24 часа, регистрирани се 248 случаи на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Зголемен е и бројот на приклучени на апарати, од 42 вчера, денеска се 46, додека пак починаа уште три лица.
Од новите 248 случаи, 98 се во Атика, поширокиот регион на Атина, а 19 по направените тестови на влезните точки во земјата. Останатите се во над 20 различни делови на земјата.
Во Грција, од почетокот на епидемијата заразени се 12.080 лица, а регистрирани се 293 смртни слуачи.