Во Хјустон денеска ќе биде погребан Џорџ Флојд

Афроамериканецот Џорџ Флојд ќе биде погребан денеска во Хјустон, чие убиство во полициска акција во Минеаполис предизвика протести низ САД, но и во целиот свет.

Комеморацијата ќе трае шест часа во Хјустон, по што ќе биде погребан, пренесоа американски медиуми.

Флојд почина на 25 мај за време на апсење, кога полицаец му го притисна вратот со коленото повеќе од осум минути, а неговата смрт предизвика протести против расна дискриминација и полициска бруталност низ САД и во светот.

Претходно, се одржаа комеморации за Флојд, Минеаполис, каде тој беше убиен, и Редфорд, неговиот роден град во Северна Каролина.

Back to top button
Close