Во Хаг се судриле две групи мигранти од Еритреја, полицијата употребила солзавец

Во холандскиот град Хаг синоќа се судрија две групи мигранти од Еритреја, при што беа запалени неколку автомобили, а ограбени се и некои продавници, јавија локалните медиуми, додавајќи дека полицијата употребила солзавец за да ги растера.

Според холандски „Телеграф“ се судриле приврзаниците и противниците на актуелните власти во Еритреја.

Откако полицијата употреби солзавец тие одговорија со фрлање камења и цигли кон органите на редот. За време на судирот оштетени се три противпожарни возила, јавува „Телеграф“.

Во меѓувреме, ситуацијата се смирила, а противпожарните екипи ги изгаснале пожарите предизвикани од запалените автомобили.

Back to top button
Close