Во Хонг Конг почна имунизацијата со кинеската вакцина „Синовак“

Во Хонг Конг почна кампањата за имунизација против коронавирусот, а планот е сите 7,5 милиони жители да добијат бесплатни вакцини, пренесуваат американските медиуми.

Приоритет во вакцинацијата ќе имаат лицата постари од 60 години и здравствените работници, кои се околу 2,4 милиони.

Локалната влада соопшти дека за првите две недели од имунизацијата се пополнети сите термини.

Вакцинацијата ќе почне со кинеската вакцина „Синовак“, од кои еден милион дози пристигнаа минатата недела.

Хонг Конг досега обезбеди купување на 22,5 милиони дози вакцини – по 7,5 милиони од „Синовак“, „АстраЗенека“ и кинеската фирма „Фосун“, што ќе ги испорачува вакцините на „Фајзер/ БиоНТек“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close