Во Хонг Конг уапсена организаторката на бдеењето за масакрот на плоштадот Тиенанмен во Пекинг

– Во Хонг Конг е уапсена  организаторката на бдеењето со кое се одбележува 32-годишнината од бруталниот масакр на плоштадот Тиенанмен во Пекинг, јавија денеска хонгконшките медиуми.

Активистката Чау Ханг-Тунг претходно изјави дека вечерва планира да оди во паркот Викторија за да го организира бдеењето за одбележување на страдањата на жртвите од репресија на 4 јуни 1989 година, пред точно 32 години во Пекинг, и покрај тоа што властите го забранија настанот, јави телевизијата РТХК.

Полицијата ја уапси Чау под сомнение дека потткнувала одржување забрането бдеење со свеќи, јави „Саут Чајна Морнинг Пост“, повикувајќи се на полициски извори.

Чау е потпретседателка на Сојузот за поддршка на државните патриотски демократски движења за Кина од Хонг Конг (ХКА).

Полициските службеници ја уапсиле денеска, во раните утрински часови, јави весникот повикувајќи се на извор кој кажа дека се очекуваат натамошни апсења.

Полицијата минатата недела ја соопшти забраната за обележување на настанот, повикувајќи се на пандемијата со коронавирусот. Оттаму кажаа дека секој кој ќе ја прекрши забраната може да добие пет години затвор и уште една година за објавување на настанот.

Оваа година, вторпат по ред, е откажано годишното одбележување на крваво задушените  протести на плоштадот Тиенанмен.

Back to top button
Close