Во Хрватска почина 54 годишник – каснат бил од стршлени

Полициската управа во Хрватска информира дека вчера во утринските часови во шумскиот предел во близина на Крижевци се случила несреќа.

Додека подготвувал дрва за огрев, 54-годишен маж бил нападнат и каснат од стршлени. Не долго по убодот, на човекот му се слошило, па и покрај укажаната медицинска помош, починал на местото на настанот.

Истрагата ја спроведоа полициски службеници.

Вештак го прегледал телото, кое, за да се утврди точната причина за смртта, било транспортирано во Одделот за патологија на Општата болница Бјеловар, каде што ќе се изврши обдукција.

Полицијата потврди дека во тој трагичен случај нема елементи на кривично дело.

Стршлените се најголемите претставници на семејството оси и, иако се важни за екосистемот бидејќи јадат штетни инсекти, нивните убоди можат да бидат исклучително опасни за луѓето – особено ако се појават неколку убоди одеднаш или ако лицето е алергично.

Убодот од стршлен е сличен на убодот од оса, но е поболен бидејќи стршленот вбризгува повеќе отров. Самиот отров не е фатален за повеќето луѓе, но во поголеми количини може да предизвика сериозни реакции – од силен оток и гадење до анафилактичен шок што може да заврши со смрт.

Експертите предупредуваат дека повеќекратните последователни убоди, особено во пределот на главата или вратот, можат да предизвикаат респираторен застој поради оток на дишните патишта

Back to top button
Close