Во Хрватска пораст на бројот на новозаболени со Ковид-19

 Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 130 новозаболени лица со Ковид-19, поради што во земјата има 686 активни случаи, од кои 35 се здравствени работници.

Во Хрватска вкупно инфицирани со новиот коронавирус се 5.870 луѓе, од кои 2.279 се во самоизолација, а вкупниот број на смртни случаи е 160.

– Нема значајни нови жаришта. Луѓето се враќаат од годишните одмори и имаме млади инфицирани лица. Кај новозаразените просечната возраст е 34 години, тие биле на различни места каде младите се забавуваат, изјави директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Цапак.

Тој потсети дека вчера е издадена препорака да не работат затворените делови од клубовите.

Тоа е втор ден со најголем број на новозаболени во Хрватска од 11 јули, кога беа регистрирани 140 случаи,

Back to top button
Close