Во Хрватска повлекуваат од продажба мешана салата Бенита, произведена во РСМ поради високо ниво на пестициди


Хрватскиот државен инпекторат ја повлекува од пазарот мешаната салата Бенита со потекло од Северна Македонија, која ја продава Кауфланд Хрватска, поради високо ниво на пестицидот хлорпирифос.
Како што е наведено во соопштението за медиумите објавено денеска, известувањето се однесува исклучиво на производот со следните информации: Мешана салата 670g/360g, GTIN 3858893130246, ЛОТ 1662025, најдобро да се употреби до 10 ноември 2027 година.
Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) за максимални нивоа на остатоци од пестициди во храната и добиточната храна од растително и животинско потекло и за измена на Директивата на Советот 91/414/ЕЕЗ.

Back to top button
Close