Во Хрватска повторно рекорден број на новозаболени од Ковид-19
– Во изминатите 24 часа во Хрватска регистрирани се 360 нови случаи на Ковид-19, што четврти ден по ред е рекордна бројка на новозаболени лица.
Од последици од новиот коронавирус почина еден човек, со што вкупнио број на смртни случаи изнесува 170.
Во Хрватска во моментот има 2.052 активни случаи, од кои 143 се хоспитализирани, а 12 пациенти се на респиратор.
Од 25 февруари кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска до денеска регистирани се 7.900 инфицирани лица.