Во Хрватска расте бројот на заразени со коронавирусот во последните четири дена

Бројот на заразени со коронавирусот во Хрватска расте во последните четири дена, а денеска има 17 новозаразени.

Хрватскиот портал Индекс.хр потсетува дека во четвртокот имало 11, во петокот 12, а вчера 18 нови случаи на коронавирусот.

Националниот штаб за цивилна заштита најави дека денеска ќе одржи прес-конференција, по подолго време, по повод зголемувањето на бројот на заразени лица.

Во меѓувреме, министерот за здравство, Вили Берош на својот Твитер профил објави дека „ситуацијата е под контрола, но ништо не е поважно од здравјето на нацијата“.

Back to top button
Close