Во Хрватска за пет години судовите ги напуштиле 210 судии
– Иако 210 судии ги напуштија хрватските судови за помалку од пет години, Хрватска сè уште е високо на европската листа, заедно со Словенија, со околу четириесет судии на 100.000 жители, пишува денеска загребски „Вечерњи лист“.
Забележано е дека, на пример, за истата популација Ирска има тројца судии, Данска шест, Франција 10, Италија 11 и Германија 24 судии.
Се додава дека бројот на судии што заминуваат е парадоксален затоа што, како што е наведено, судиите во Хрватска наводно се заштитени и добро платени.
Анализирајќи ги извештаите на Министерството за правда, претседателот на Врховниот суд и Државниот судски совет, „Вечерњи лист“ дојде до податоци дека во изминатите помалку од пет години, од почетокот на 2016 година, хрватското правосудство останало без 207 судии. Се наведува дека за уште тројца, разрешувањето од судиската должност било одобрено до крајот на годината.
Тоа е четири пати повеќе отколку во периодот од 2011 до 2015 година.
Повеќе од тој број, како што е наведено, било само во 2016 година, кога 49 судии ги напуштиле судовите за 12 месеци.
Весникот пишува дека во повеќето европски земји ова би било алармантна бројка, но не и во Хрватска. паг/