Во Хрватска запленети 25 килограми кокаин

Речиси 25 килограми висококвалитетен кокаин се пронајдени во автомобил на 49-годишен италијански државјанин при контрола на полицијата и хрватската царина на Јадранскиот автопат кај Бачина, соопшти денеска полицијата.

Дрогата, што ја намирисало службено куче, била пронајдена вчера попладне, спакувана во 11 пакувања и скриена под сопатничкото седиште, а била наменета за западноевропскиот пазар.

Началникот на Дубровничко-неретванската полициска управа, Иван Павличевиќ денеска истакна дека станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во јужна Хрватска во последните 20 години.

Павличевиќ наведе податоци од една студија дека годишната потрошувачка на кокаин во Загреб е од 47 до 50 килограми.

Италијанскиот државјанин во чиј автомобил е пронајден кокаинот е уапсен и се наоѓа во притвор.

Back to top button
Close