Во игротека во Аеродром: Маж се однесувал агресивно кон дете, па се степал со таткото
Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје евидентираше нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект во скопската населба Аеродром, каде вербална расправија во детска игротека прераснала во физичка пресметка меѓу двајца мажи.

„На 13.12.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 12.12.2025 околу 16:40 во во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, во игротеката, М.К. агресивно се однесувал кон малолетник, по што настанала физичка пресметка помеѓу М.К. и таткото на малолетникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР





