Во Индија и денеска најмногу умрени од Ковид-19 во еден ден – 4.529

– Во Индија и денеска е регистриран досега најголем број смртни случаи од последиците на Ковид-19 во еден ден – 4.529, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата на коронаворусот во оваа земја е зголемен на 283.248, соопшти индиското Министерство за здравство.

Само во последните 24 часа се евидентирани нови 267.334  случаи на инфекција.

Индија е втора земја во светот според вкупниот број на заразени, веднап зад САД, со повеќе од 25 милиони регистрирани случаи.

Во последната недела постепено, од ден во ден, се намалува бројот на новозаразени случаи, но стапката на смртност од последиците од инфекцијата е се уште висока, а болниците се преполни со пациенти.

Во тек е вториот бран на заразата што силно ја погоди оваа земја, а поради тоа се забавува и процесот на вакцинација.

Back to top button
Close