Во Индија најавено тестирање на вакцината на „Модерна“

Индиската здравствена деловна групација „Тата“ соопшти дека започнале првични преговори со американската фармацевтска компанија „Модерна“ за употреба на нејзините вакцини во Индија.

Во извештајот на индискиот дневен весник „Економик тајмс“ се наведува дека деловната групација треба да формира заеднички експертски тим со индискиот Совет за научни и индустриски истражувања, кој ќе биде одговорен за спроведување клинички испитувања на вакцината на „Модерна“ против Ковид-19.

За разлика од вакцините на „Фајзер“, кои мора да се чуваат на температура од минус 70 степени Целзиусови, вакцините на „Модерна“ може да се чуваат во обичен фрижидер, што ги прави попосакувани за сиромашните земји како Индија, кои ја немаат потребната инфраструктура за одржување и складирање на вакцините.

Врз основа на претходните истражувања, утврдено е дека вакцината на „Модерна“ е ефикасна до 94,1 отсто и е одобрена за употреба во САД во декември и во Европа на почетокот на јануари годинава. 

Back to top button
Close