Во Индија нов рекорд во бројот на новозаразени со коронавирусот
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/05/vo-indi-a-nov-rekord-vo-bro-ot-na-novozarazeni-so-koronavirusot.jpg)
– Индија денеска регистрира уште еден црн рекорд во бројот на новозаразени со коронавирусот- инфицирани се уште 7.964 лица, а починале уште 265 луѓе.
Министерството за здравство на земјата соопшти дека вкупниот број на потврдени случаи на коронавирусот е зголемен на 173.763, а починале вкупно 4.971 лице. Од Ковид-19 закрепнале 82.369 луѓе.
Премиерот Нарендра Моди во отворено писмо по повод првата годишнина од вториот мандат на неговата Влада, изјави дека Индија е на пат кон победи во борбата против коронавирусот.
Моди истакна дека Индија ќе даде „пример во економскиот препород“ и побара од нациата да покаже одлучност.