Во Индија од Ковид-19 починале 196 лекари, 64.000 нови случаи

Министерството за здравство вчера регистрира речиси 64.000 новозаразени со коронавирусот, со што вкупниот број достигна 2.153.010.

Најмалку 628.747 пациенти сè уште се на лекување.

Во Индија се регистрирани уште 861 смртни случаи, со што бројот на починати достигна 43.379.

Индија во просек регистрира околу 50.000 нови случаи на ден од средината на јуни и има трет најголем број на заразени со Ковид-19 по САД и Бразил.

Back to top button
Close