Во Индија починаа десет лица по конзумирање на дезинфициенс

Во Индија продавниците за алкохолни пијалаци се затворени пради карантинските мерки воведени поради новиот коронавирус, па зависниците конзумираат средства за дезинфекција.

Голем број индиски држави, меѓу кои и Андра Прадеш, во одредени места се уше во сила е карантинот поради пораст на новозаболени лица од Ковид-19. Во Андра Прадеш во изминатите месеци деветпати е зголемен бројот на инфицирани, а на ниво на цела Индија – трипати.

Во Индија од почетокот на пандемијата со новиот коронавирус се заразиле над 1,6 милиони луѓе, а починале повеќе од 35.000 лица.

Back to top button
Close